Дома Останати Кошарка НБА Портланд го запре Јокиќ и со брејк изедначи во полуфиналето против Денвер (ВИДЕО)

Портланд го запре Јокиќ и со брејк изедначи во полуфиналето против Денвер (ВИДЕО)

Тимот на Портланд изминатата ноќ направи „брејк“ и славеше против Денвер со 90:97, така тие го изедначија резултатот во полуфиналната серија на 1:1.

Во Портланд знаеа да ја искористат лошата шутерска вечер на домаќините. Без премногу осцилации во играта тие во еден момент имаа и 17 поени предност. Денвер сепак успеа да се врати и да стигне на пет поени заостанување на 35 секунди пред крајот. Тогаш Никола Јокиќ имаше обид за три поени, а кога го промаши стана јасно дека Портланд ќе ја однесе победата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Јокиќ во овој натпревар имше учинок од 16 поени, 14 скока и 7 асистенции, дабл-дабл запиша Пол Милисап со 14 поени и 11 скокови, Џамал Мареј додаде 15 поени.

Кај Портланд најефикасен беше Меколум со 20 поени, по 15 постигнаа Родни Худ и Енес Кантер.

https://youtu.be/lfF3Rv4NIzo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…