Дома Фудбал Англија Поранешен играч на Јунајтед: Енфилд е како пекол!

Поранешен играч на Јунајтед: Енфилд е како пекол!

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Микаел Силвестре, во пресрет на најголемото англиско дерби изјави дека стадионот на Ливерпул, „Енфилд Роуд“ е како пекол.

Силвестре девет сезони мина во дресот на Манчестер Јунајтед, одигра 361 натпревар и има големо искуство кога се во прашање дуелите со Ливерпул.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Се чувствуваш како да одиш во пеколот. Не си добредојден, може да ја почувствуваш омразата. Тоа е непријателско опкружување, но е добра можност да видиш како реагираш во непријатни околности. Тоа е најдоброто место на кое можеш да победиш“, изјави Силвестре.

По седум одиграни натпревари во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед има седум бода повеќе од Ливерпул, чиј напад го предводат Кутињо, Салах и Фирмино.

„Тие се добри играчи, но сѐ уште не се светска класа. Секако дека во текот на целиот натпревар ќе приготвуваат можности за постигнување гол, но ниту еден од нив не е гол-машина. Им недостига голгетер од кого можеш да очекуваш 20-25 гола во сезоната. На крајот од денот тоа е најважно. Ливерпул нема таков играч. Јунајтед ќе биде на испит, но може да ги контролира овие момци“, заклучи Силвестре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oткриено зошто уште нема договор: Винисиус го уценува Реал Мадрид

Бразилскиот фудбалер Винисиус сè уште го нема продолжено договорот со Реал Мадрид – поради…