Дома Трансфер зона Поради Ибрахимовиќ, Галакси измамил Србин – напаѓачот најави тужба!

Поради Ибрахимовиќ, Галакси измамил Србин – напаѓачот најави тужба!

ibra despotovic

Доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во редовите на Лос Анџелес Галакси предизвика големо внимание ширум светот.

Ибра на дебито постигна два погодоци, но начинот на кој пристигнал во МЛС лигата скапо го платил српскиот фудбалер, Ѓорѓе Деспотовиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Деспотовиќ пред доаѓањето на Ибрахимовиќ имал договорен трансфер со Галакси. Се било договорено и се чекала само визата за тој да пристигне во Лос Анџелес.

Меѓутоа со раскинувањето на договорот помеѓу Ибра и Манчестер Јунајтед плановите на Галакси се промениле. Тие се одлучиле да ја ангажираат големата ѕвезда, а Деспотовиќ останал без трансфер.

После се 26 годишниот напаѓач на Астана од Казакстан најави тужба против американскиот клуб.

„Се беше договорено со Галакси, веќе ми кажаа дека сум нивни играч. Додека чекав виза, Ибрахимовиќ го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и ситуацијата тогаш се промени. Го избраа него и го искористија тоа што не потпишаа договор со Астана. Во овој момент ги разгледувам опциите дали има основа за тужба. Се надевам ќе има“, изјави Деспотовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…