Дома Фудбал Италија Помошник на Мурињо во Рим ќе му биде легендата на Рома?

Помошник на Мурињо во Рим ќе му биде легендата на Рома?

Жозе Мурињо од следната сезона ќе ја води Рома, а според последните информации од Италија негов помошник би можел да биде Даниеле Де Роси.

Поранешниот капитен и легенда на римскиот клуб од неодамна е помошник во репрезентацијата на Италија на Роберто Манчини, а сега дел од медиумите во Италија пишуваат дека би можел да се врати во Рим.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мурињо и Рома наводно се договориле дека клубот нема да троши премногу ова лето, но дека ќе биде доведен нов голман, напаѓач и играч за врска. Се споменува и заминување на одредени фудбалери.

За Мурињо Рома ќе биде втор клуб во Италија откако го водеше Интер во сезоната 2009/2010. Де Роси за Рома играше од 2001 до 2019 година, а се пензионираше минатата година како играч на Бока Јуниорс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Семењо го сонуваат многу големи клубови, Ливерпул во јануари тргнува по него, но тој сонува само за еден клуб!

Фантастично започна Семењо во новата сезона во Премиер лигата, и во првите осум натпревари…