Како што објави магазинот „Тhe Ring“ борбата помеѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс е поместена за 28. ноември.
Борбата беше закажана за 12. септември, но тимот на славниот Мајк процени дека гледаноста, односно заработката од истата ќе биде поголема ако терминот се помести.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тричасовната програма и самата борба ќе се пренесува на друштвените мрежи и музичката платфордма „Трилер“, а ќе се наплаќа по прикажување.
Ќе потсетиме Тајсон претходно оваа година почна со објавување на снимки и тренинзи на кои покажуваше исклучителна физичка спремност иако има 54 години. Последен пат Тајсон се бореше на 11. јуни 2005 година.
Кога во прашање е Џонс тој има 51 година и последен пат боксуваше во 2018 година.