Де Лаурентис очигледно знае што прави.
Фудбалерот на Наполи, Пјотр Зјелински наскоро би требало да потпише нов договор со клубот од Неапол според кој неговата откупна клазула би изнесувала – 150 милиони евра!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според актуелниот договор кој има важност до 2021 година откупната клазула на полскиот фудбалер изнесува „само“ 65 милиони евра, цена за која сопственикот на клубот смета дека не одговара со неговите квалитети.
Зјелински е еден од главните играчи на Анчелоти и се почесто добива шанса пред Марек Хамшик за кого се пишуваше и дека е пред заминување и со право може да се каже 24 годишниот фудбалер е идеална за Словакот.
Сепак, тешко дека Зјелински вреди цели 150 милиони евра, но Де Лаурентинс е човек кој веројатно знае во што прави и во случај на негова продажба сигурно добро ќе заработи.
Во англиските медиуми се појави вест дека настапите на Зјелински ги следат Челзи и Ливерпул.