Дома Останати Тенис Полуфиналето во Анталија недостижно за Ѓорческа

Полуфиналето во Анталија недостижно за Ѓорческа

Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Анталија што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа денес во продолжението од четвртфиналето загуби од хрватската тенисерка Тара Вирт со 2-1 во сетови (63 46 61). Мечот траеше 1 час и 54 минути.

Денес се одиграа два сета бидејќи мечот вчера беше прекинат по првиот сет, кој и припадна на Вурт со 6:3. Ѓорческа во првиот сет вчера водеше со 3:1, но противничката имаше серија од пет гема за да го добие првиот сет. Продолжението денес почна без ниту еден брејк до 10.тиот гем, а нашата тенисерка постојано беше во водство од еден гем и потоа го доби гемот број 10 за да изедначи во мечот на 1:1 искористувајќи ја единствената брејк-топка во вториот сет.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во решавачкиот сет Ѓорческа поведе со 1:0 во гемови, но тоа беше единствениот освоен гем бидејќи Вирт ги освои следните гемови и сетот го доби со 6:1.

Мечот заврши со максимална реализација на брејк топките од страна на двете тенисерки Ѓорческа 2/2, Вурт 5/5.

Ѓорческа од понеделник ја очекува нов настап на ИТФ фјучрс турнир во Анталија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…