Ливерпул после првото полувреме има предност од 2:1 на „Олимпико“ против Рома и е на чекор до пласман во финалето.
Во првите пет минута Рома започна фуриозно, но после една грешка на средината на теренот следеше фуриозна контра на „црвените“ која заврши со гол на Мане.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Само неколку минути подоцна Рома среќно го израмни резултатот. Ел Шарави го бараше Џеко во шеснаесетникот, но топката после еден карамбол од Милнер заврши во голот на „црвените“.
Сепак, кратко траеше радоста на „волчицата“ бидејќи после еден корнер во 26-та минута Џеко му ја сервираше топката на Вајналдум кој погоди за 2:1.
До крајот на полувремето имаше шанси на двете страни, а најздрелата беше за домаќините во 36-та минута кога Ел Шарави ја погоди стативата.