Дома Останати Кошарка Полска пружи отпор, но сепак Шпанија е таа која оди во полуфинале

Полска пружи отпор, но сепак Шпанија е таа која оди во полуфинале

Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Полска со 90:78 во четвртфиналето на Светското првенство во Кина.

Шпанците добро влегоа во натпреварот, но Послка со неколку погодени тројки фати приклучок и првата четвртина ја добија Шпанците со 22:18.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во втората четвртина Полска успеа да стигне до 29:28, но тогаш Шпанија направи серија и брзо стигна до 38:28. Полска сепак до полувремето успеа да намали и на полувреме замина со пет поени негатива 46:41.

Продолжението донесе уште подобра игра на Шпанија која во еден момент од третата четвртина имаше и 14 поени предност, но во последната четвртина влезе со предност од 67:58.

Во последната четвртина Полска најблиску стигна на 76:72, меѓутоа на крајот натпреварот заврши со 90:78.

Шпанија беше предводена од Рики Рубио со 19 поени и Вили Хернангомез со 18 поени, Руди Фернандез додаде 16.

Кај Полска Слаугтер беше најефикасен со 19 поени и Адам Вајзински додаде 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов голем трејд во НБА лигата, Порзингис заврши кај Кари!

Последните денови пред крајот на преодниот период во НБА секогаш носат драматични трансфер…