Македонската фудбалска репрезентација го забележа најдобриот резултат во својата историја и ја победи големата Германија во Дуизбург (1:2).
Избраниците на Ангеловски одиграа „докторски“ меч против четирикратниот светски шампион и уште од самиот старт покажаа дека не се дојдени без амбиции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонија одлично го отвори мечот, играше организирано и не и дозволи многу шанси на германската репрезентација, а спорадично се закануваше.
Најпрво во 35-та минута имавме одлична шанса, но со крајни напори одбрани Тер Штеген, а голот за водство стигна во последната минута од полувремето преку капитенот Горан Пандев.
Во вториот дел иако се очекуваше фуриозен настап на домаќините, сепак Македонија делуваше подобро на теренот и комплетно ја неутрализира Германија.
Домаќините дојдоа до израмнување во 60-та минута после еден сомнителен пенал кој го досуди рускиот судија после стартот на Алиоски над Сане. Сигурен реализатор беше Гундоган.
Вп 70-та минута судијата повторно ја оштети Македонија и не досуди чист пенал откако Емре Чан играше со рака во петерецот. Правдата беше задоволена во 82-та минута кога Елмас на асистенција на Адеми постигна гол за 1:2 и голема победа на Македонија.