Се поизвесно е дека Маурисио Покетино на лето ќе седне на кормилото на Челзи.
Аргентинецот пред неколку дена имаше средба со раководството и сопственикот на Челзи, а медиумите тврдат дека е постигнат вербален договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покетино веќе почнал да прави летна селекција и му посочил на раководството две засилувања од Брентфорд, а станува збор за Ајван Тони и Давид Реја.
27-годишниот напаѓач игра одлична сезона и во моментов со 19 гола е трет стрелец во Премиер лигата.
Давид Реја исто така е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата оваа сезона, а планот на Покетино е тој да биде замената за Нголо Канте.