Репрезентативната пауза донесе главоболки за селкторот на Арсенал, Микел Артета.
Еден од најважните фудбалери на „топџиите“ и капитен на тимот, Мартин Одегард се повреди во настапот за Норвешка, а сега е познато и колку ќе паузира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одегард ќе биде надвор од терените три недели, претходно се проценуваше дека може да паузира и повеќе од еден месец.
„Ваквите повреди ги одалечуваат фудбалерите околу три месеци. Ќе биде направена и дополнителна магнетна резонанца, но засега изгледа дека не станува збор за некаква скршеница“, објавија од лекарскиот тим.
Артета така ќе се соочи со проблеми во наредниот натпревар бидејќи покрај Одегард и Рајс нема да биде во комбинација за настап поради суспензија. Исто така проблеми со повреди имаат: Калифиори, Мерино и Томијасу.