Ендрик Филипе Мореира е новиот голем бразисли талент за кого експертите предвидуваат дека ќе биде нова голема фудбалска ѕвезда.
Станува збор за фудбалер на Палмеирас, кој има само 16 години и неодамна дебитираше за првиот тим. Ендрик сепак го привлече вниманието на многу европски гиганти чии скаути ги следат неговите настапи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу европски гиганти се борат за неговиот потпис, а последните информации се дека Реал Мадрид ја добил битката за неговиот потпис.
Бразилските медиуми пренесуваат дека Реал за неговиот потпис со вклучени бонуси ќе плати 45 милиони евра.
Трансферот треба да се реализира во јануари, а фудбалерот ќе остане на позајмица во Палмеирас додека не наполни 18 години.