Дома Фудбал Германија Познато колку пари ќе му исплати Баерн на Ковач за отказот

Познато колку пари ќе му исплати Баерн на Ковач за отказот

Нико Ковач во неделата доби отказ во Баерн и си заминува од клубот после само една година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хрватскиот стратег го превзема Баерн во 2018 година, но не му тргна баш најдобро и долго заостануваше зад Борусија. Сепак, на крајот Баерн успеа да стигне до титулата шампион, потоа го освои и трофејот во купот.

Баварците имаа проблеми и оваа сезона, а капката која ја прели чашата беше дебаклот од Франкфурт од 5:1.

Иако се пишуваше дека Ковач би требало да добие прилика во наредните два натпревари, тоа не се случи и му беше покажана вратата.

Меѓутоа Хрватот добро ќе го наплати предвременото заминување. Тој имаше договор до 2021 година кој му гарантираше плата од шест милиони евра, сега си замина со оштета од десет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…