Актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг важи за главен фаворит за кормилото на Манчестер Јунајтед.




Според информациите 51-годишниот холандски тренер започнал преговори со раководството на клубот и ги запознал „црвените ѓаволи“ со своите методи на работа.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе ја испитува ситуацијата со неговиот договор со Ајакс и сака да дознае колкава сума ќе треба да плати за да го донесе на „Олд Трафорд“.




Англиските медиуми денес открија дека Манчестер Јунајтед ќе треба да плати точно 4 милиони евра за Ајакс да може да го ослободи Холанѓанецот.




Од раководството на Ајакс јасно ставија до знаење дека нема да му стојат на патот на Тен Хаг и дека ќе му дозволат да замине.