Дома Фудбал Италија Познато кога ќе се одигра мечот Интер – Сасуоло

Познато кога ќе се одигра мечот Интер – Сасуоло

Одложениот меч од 28-то коло од Серија А помеѓу Интер и Сасуоло ќе се одигра на 7-ми април во 18:45 часот, објавија од Лигата.

Натпреварот ќе се одигра во истиот ден за кога е закажан одложениот дуел помеѓу Јувентус и Наполи од 3-то коло.

Мечот Интер – Сасуоло требаше да се одигра минатата сабота, но беше одложен поради неколку случаи на коронавирус во таборот на „нероаѕурите“.

Во моментов Интер е лидер во Серија А со 6 бода предност пред Милан и има шанси да ја зголеми таа предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стивен Ворнок разочаран од настапите на Вирц во Ливерпул

Флоријан Вирц не го оправда големиот трансфер во Ливерпул, смета поранешниот играч на клуб…