Дома Фудбал Познато кога продолжува Примера

Познато кога продолжува Примера

Челниците на шпанската Ла Лига испратија допис до клубовите дека сезоната најверојатно ќе продолжи на 12 јуни.

Според „АС“, речиси сигурно е дека првенството во Шпанија ќе биде продолжено, а Ла Лига според информациите на весникот веќе ги известила клубовите дека натпреварите започнуваат од 12 јуни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Идејата е натпреварите да се играат во петок, сабота и недела, како што беше случај и во нормални услови, а ќе има натпревари кои ќе бидат распоредени и во текот на работната недела.

Сепак, последниот збор ќе го има министерството за здравство кое треба да изготви и посебен протокол за играње на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома останува без голема легенда: Си заминува човекот кој повеќе од половина век помина во клубот!

Се завршува една ера за Бруно Конти во Рома. Италијанската легенда се пензионира по неверо…