Дома Трансфер зона Познато каде Хуан Мата ќе ја продолжи кариерата!

Познато каде Хуан Мата ќе ја продолжи кариерата!

Хуан Мата ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед ова лето.

Искусниот 30 годишен играч за врска според последните информации ќе се врати во Ла Лига и да потпише договор со Атлетико Мадрид.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Договорот на Мата со Јунајтед истекува ова лето. Нема договор, ниту преголема желба за продолжување на соработката, па овој фудбалер ќе го напушти клубот.

Атлетико изгледа ќе биде неговата наредна дестинација. Преговорите веќе се започнати и двете страни се спремни за потпис.

Шпанскиот фудбалер после пет ипол години ќе го напушти „Олд Трафорд“. Во клубот пристигна во јануари 2014 година од Челзи за нешто повеќе од 37 милиони фунти и со „црвените ѓаволи“ освои четири трофеи.

Меѓутоа, Мата баш и не се прослави на „Театарот на соништата“. Го носеше дресот на овој тим во тешки моменти и тоа наводно е една од главните причини што нема да има продолжување на соработката.

Се поврзуваше 30 годишниот играч за врска во претходните месеци и со Барселона. Сепак, на крајот сепак го избрал Атлетико и после осум години тој ќе се врати во Шпанија.

Интересно е што Мата играше и за младинските категории на Реал Мадрид. Шанса во првиот тим никогаш не доби, а во вниманието на европската јавност ја привлече кога го носеше дресот на Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…