Валенсија вечерва го игра натпреварот од првото коло во Ла Лига, а за противник ја има екипата на Барселона.
Македонскиот голман Столе Димитриевски кој летово пристигна на „Местаља“ според последните најави нема да биде во стартниот тим на својот тим. Медиумите во Шпанија најавуваат дека на голот на Валенсија предност ќе добие Грузиецот, Мамарадшвили кој клубот се уште не го продал.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Димитриевски пристигна во Валенсија да биде наследник на грузискиот голман, но ситуацијата со неговото заминување подоцна се искомплицира. Сега се поврзува со Ливерпул, но се уште не е јасно дали ќе ја промени средината.
