Дома Фудбал Останато Познати тројцата финалисти за „фудбалер на годината“ – го нема Меси!

Познати тројцата финалисти за „фудбалер на годината“ – го нема Меси!

Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Мохамед Салах се номинирани од страна на УЕФА за наградата играч на сезоната 2017/18.

Добитникот на ова вредно признание ќе биде познат за време на церемонијата која на 30-ти август годинава ќе се одржи во Монако.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неодамна листата на потенцијални кандидати беше скратена на 10 играчи, а денес УЕФА ги објави тројцата финалисти.

Модриќ и Салах ќе го напаѓаат тронот на Роналдо кој минатата година ја доби престижната наградата за најдобар фудбалер.

Роналдо беше моторот на Реал Мадрид во освојувањето на третата титула по ред во ЛШ, но Модриќ стигна до финалето на СП, додека Салах беше најдобар играч во Премиер лигата и го однесе Ливерпул до финалето во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ повторно покажува интерес за Јамал. Се споменува сума од 250 милиони евра.

Се чини дека Париз Сен Жермен не се откажува од надежите еден ден да го види Ламин Јамал в…