Дома Фудбал Останато Познати се 16 града и стадиони домаќини на Мундијалот во 2026

Познати се 16 града и стадиони домаќини на Мундијалот во 2026

Светската фудбалска федерација на свеченост која сео одржа во „Рокфелер“ центарот во Њујорк ги претстави 16 градови кои ќе бидат домаќини на Светското првенство 2026 година.

Светското првенство во 2026 година ќе се игра во 16 градови, 11 во САД, три во Мексико и два во Канада.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Градови домаќини се: Атланта, Бостон, Далас, Хјустон, Канзас Сити, Лос Анџелес, Мајами, Њујорк, Филаделфија, Сан Франциско, Сиетл во САД, Гвадалахара, Мексико Сити, Монтереј во Мексико, односно Торонто и Ванкувер во Канада.

Најголем дел од стадионите имаат капацитет поголем од 60.000 седишта, додека најмал е стадионот во Торонто кој моментно има капацитет од 30.000 седишта, но по реконструкцијата ќе има 45.000 седишта. Најголем стадион на кој ќе се играат натпревари од Мундијалот во 2026 година е „Ацтека“ во Мексико сити кој има капацитет од 87.523 седишта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…