Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот за врска на Барселона, Рафиња Алкантара е на чекор од преселба во Интер.
Како што беше најавено пред неколку дена, Рафиња во следните денови ќе се пресели на „Џузепе Меаца“, а клубовите ги договараат последните детали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми денес ги открија и деталите од трансферот. Имено, Рафиња ќе се пресели во Милано на позајмица до крајот на сезоната, а Интер ќе може да го откупи на лето за 20 милиони евра.
Рафиња долго време беше надвор од терените поради повреда па има потреба од поголема минутажа и се реши да го напушти „Камп Ноу“.
Се очекува играчот во текот на викендот да допатува на медицински прегледи во Милано, а од следната недела да му биде на распоагање на Спалети.
#Calciomercato | #Inter, presentata l'offerta al #Barcellona per #Rafinha: i dettagli https://t.co/BZJULZ2jPk
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) January 11, 2018