Дома Топ вести Позната најголемата трансфер желба на Чави

Позната најголемата трансфер желба на Чави

Главна трансфер цел на Барселона следното лето ќе биде ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва, пренесува „Мундо Депортиво“.

Тренерот на Каталонците, Чави го известил раководството дека го сака Португалецот по секоја цена во својот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барселона и ова лето се обидуваше да го доведе Бернардо Силва, но за тоа ќе треба да продаде барем еден од важните играчи со највисоки плати.

Минималната сума за која Сити е спремен да го продаде Силва е 80 милиони евра, а Каталонците се спремни да го продадат Де Јонг за да го донесат Португалецот.

Барселона ќе се обиде да го врати Лионел Меси на лето ако Аргентинецот не го продолжи договорот со ПСЖ. Доколку успее во таа немара тогаш ќе се откаже од доведување на Бернардо Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…