Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде најверојатно ќе биде првиот голем трансфер на Челзи ова лето.
Приоритет на Челзи ова лето ќе биде засилување на одбраната, а прва жечба на Тухел е токму Кунде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сините“ ова лето ќе останат без Кристенсен и Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец.
Челзи и минатото лето направи неколку обиди да го донесе Французинот, но тогаш Севиља успеа да го задржи во своите редови.
Челзи веќе испратил прва понуда од 65 милиони евра, додека Севиља бара да биде платена откупната клаузула од 80 милиони евра.
Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат, а Кунде инсистира да му биде дозволен трансфер во Челзи.
Chelsea are still working to sign Jules Kounde from Sevilla according to Fabrizio Romano.
— Football España (@footballespana_) June 9, 2022
Thomas Tuchel has made it clear that he wants the French centre-back and talks are advanced on the player's side. Sevilla are still waiting to receive an opening bid. pic.twitter.com/UlOFpQoyw0