Дома Трансфер зона Позната главната трансфер цел на Арсенал

Позната главната трансфер цел на Арсенал

Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал ќе се обиде во јануари да ја доведе ѕвездата на Лестер, Јури Тилеманс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приоритет на Арсенал во зимскиот преодниот рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба на Артета е токму Тилеманс.

25-годишниот Белгиец влезе во последната година од договорот и одбива да ја продолжи соработката бидејќи сака промена на средината.

Токму тоа може да биде причината Лестер да ја прифати понудата на Арсенал бидејќи во спротивно ќе го загуби играчот без обештетување.

Меѓутоа, „топџиите“ ќе мора да ја победат конкуренцијата бидејќи за Белгиецот интерес покажуваат уште Барселона и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…