Дома Фудбал Англија Познат фаворитот за нов менаџер на Манчестер Јунајтед

Познат фаворитот за нов менаџер на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед веќе се подготвува за следната сезона, а главно прашање е кој ќе биде нов менаџер.

Англиските медиуми кои се блиски до Манчестер Јунајтед тврдат дека прв избор на раководството е холандскиот стратег Ерик тен Хаг.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Тен Хаг веќе почнал да се информира за состојбата во клубот и структурата на управување, притоа зборувал и со лица кои се директно поврзани со клубот од „Олд Трафорд“ за да ја разбере ситуацијата во соблекувалната и односите меѓу играчите.

52-годишниот холандски стратег е фаворит за нов менаџер на Манчестер Јунајтед од следното лето, кога времениот менаџер Рангник ќе го напушти кормилото.

Англиските медиуми тврдат дека токму Рангник е голем фан на Тен Хаг и го препорачал на раководството како идеално решение за кормилото.

Тен Хаг започнал да се подготвува за интервју за менаџерското место во Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оливер означи крај на натпреварот, а Мбапе се изнервира и го грабна за рака (Видео)

Синоќа имавме можност да гледаме вистински спектакл, мечот помеѓу Шпанија и Франција (5:4)…