Јувентус и Милан се договорија за трансфер на Игуаин вреден околу 54 милиони евра плус размена на дефанзивците Леонардо Бонучи и Матија Калдара, но самиот Аргентинец го „кочи“ трансферот.
Во текот на вчерашниот ден се очекуваше потврда на трансферот, но се појави проблем. Имено, Игуиан бара бонус (отпреминина) од Јувентус во висина од 4,5 милиони евра, која раководството на „старата дама“ не сака да му ја даде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот договори четиригодишна соработка со „росонерите“ тешка 7,5 милиони евра по сезона и неговиот агент бара платата да се зголеми на 9 милиони евра доколку Јувентус одбива да го плати бонусот.
Преговорите ќе продолжат и денес, двете страни работат на намалување на разликите, а медиумите во Италија се оптимисти дека трансферот ќе се реализира.