Дома Топ вести Познат виновникот за пропаднатиот трансфер на Роналдо во Челзи

Познат виновникот за пропаднатиот трансфер на Роналдо во Челзи

Поранешниот преоден менаџер на Манчестер Jунајтед, Ралф Рангник, му советувал на својот сонародник и пријател, Томас Тухел да не потпишува договор со Кристиано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо сака да си замина од „Олд Трафорд“, а како прва опција се појави Челзи, бидејќи новиот газда на „сините“, Тод Бели беше подготвен да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.

Според медиумите на Островот, Тод Боели бил загреан за трансфер на Кристиано Роналдо бидејќи му се допаѓала идејата да донесе голема ѕвезда. Но, Тухел се спротивставил на трансферот по совет на блискиот пријател и поранешен менаџер на Јунајтед, Ралф Рангник.

Советите на Рангник не се изненадувачки откако тој го критикуваше Роналдо минатата сезона и двајцата беа во лоши односи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…