Дома Фудбал Погледнете зошто голот на Мбапе се споделува на социјалните мрежи

Погледнете зошто голот на Мбапе се споделува на социјалните мрежи

ПСЖ вчера се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако во реваншот го совлада Реал Сосиедад.

По домашната победа од 2:0 во реваншот од осминафиналето, ПСЖ победи со 2:1 на Сан Себастијан, а двата гола ги постигна Килијан Мбапе. Првиот погодок е особено интересен за корисниците на социјалните мрежи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се играше 15. минута од натпреварот кога Мбапе ја прими топката од Усман Дембеле. Тој со финта се ослободи од голманот пред него, а потоа со силен удар ја смести топката на левата статива од голот.

Ударот бил толку силен што мрежата се одвоила од столбот на кој била прикачена.

Мбапе оваа сезона постигна шест гола на осум натпревари во Лигата на шампионите. По вчерашниот натпревар сезонава има 34 гола и седум асистенции на 34 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…