Дома Фудбал Англија Погба проговори за иднината: Сакам да се борам за трофеи!

Погба проговори за иднината: Сакам да се борам за трофеи!

Иднината на Пол Погба е гпамна тема во медиумите на Островот бидејќи неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на сезоната.

Французинот истакна дека за него е од големо значење клубот за кој настапува да се бори за трофеи.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Тој го потврди разочарувањето од резултатите на „црвените ѓаволи“ каде сигурно заминува на крајот на сезоната.

„Сакам да се борам за трофеи, а во последните неколку сезони не освоивме ниту еден трофеј. Тоа е тажно. Сезоната за нас е завршена, иако практично не е завршена, бидејќи не можеме да се бориме за трофеи“, изјави Погба.

Медиумите пренесуваат дека ПСЖ веќе започнал преговори со агентот на Погба и е главен фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одреден терминот за првото „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона наскоро ќе го одиграат првото „Ел Класико“ во Ла Ли…