Пол Погба синоќа со француската репрезентација се врати во Торино на стадионот на Јувентус, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
После натпреварот Погба ги „запали“ навивачите на Јувентус со својата изјава и не исклучи негово враќање во редовите на „старата дама“.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Постојано зборувам со фудбалерите на Јувентус. Јас сум во Манчестер, имам уште една година од договорот тука, а потоа ќе видиме. Целта ми е да играм добро за Манчестер, а потоа ќе видиме“, изјави Погба.
Французинот на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а еден од заинтересираните клубови за неговиот потпис е Јувентус.