Дома Трансфер зона Погба одби нов договор, ПСЖ веќе преговара со Раиола

Погба одби нов договор, ПСЖ веќе преговара со Раиола

Францускиот репрезентативец Пол Погба донел конечна одлука да не го продолжува договорот со Манчестер Јунајтед, кој истекува следното лето.

Според „РМЦ Спорт“ најсилен интерес за Погба покажува ПСЖ, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент Мино Раиола.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Раиола имал средба со претседателот на „светците“ Насер Ал Келаифи и разговарале за можноста Погба да се пресели во Париз.

Манчестер Јунајтед се обидува да го убеди Погба да го продолжи договорот, бидејчи во спротивно ќе мора да го продаде ова лето

Медиумите на Островот пренесуваат дека Јунајтед ќе бара 80 милиони евра за слободата на играчот, но постои голема можност Погба следното лето да си замине од „Олд Трафорд“ како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…