Aнглиските медиуми пренесуваат дека Пол Погба донел одлука да го напушти Манчестер Јунајтед.
Договорот на Погба истекува на крајот од сезоната и како што стојат работите нема да го продолжи. Французинот пристигна во Манчестер Јунајтед од редовите на Јувентус во 2016 година за рекордни 105 милиони фунти, но не покажа многу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Често имаше Погба и проблеми со повредите, а веќе подолго време се поврзува со Реал Мадрид и неговиот поранешен клуб, Јувентус. Поради повреда на бутниот мускул Погба нема да биде во комбинација за настап до крајот на оваа година.
Наводно, Погба неодамна се сретнал со својот агент, Мино Раиола и јасно му кажал дека сака да се врати во Јувентус. Сепак, работата е далеку од реализација. Проблем се примањата, Јувентус не може да ја изедначи понудата од 14 милиони евра по сеозна, додека за Реал Мадрид тоа не е проблем.
Желбата на Французинот е Јувентус, но останјува да се види во наредните месеци како работите ќе се одвиваат.