Дома Трансфер зона Погба и ги соопшти условите на Барселона

Погба и ги соопшти условите на Барселона

Пол Погба е цврсто решен во својата намера да го напушти Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.

Французинот беше на излезна врата уште во летниот преоден рок, но сепак остана на „Олд Трафорд“, меѓутоа во последно време неговите односи со Мурињо додатно се влошија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


За него силен интерес покажува Барселона. Погба е спремен да се откаже од дел од своите примања, но бара 12 милиони евра по сезона, сума која Каталонците тешко дека ќе се согласат да му ја дадат.

Сепак, поголем проблем од платата на Погба е обештетувањето. Манчестер Јунајтед бара повеќе од 200 милиони евра, сума која никој клуб не е спремен да ја плати.

Инетрес покажуваат уште Јувентус и ПСЖ, но Погба не сака да се врати во Франција, а „бјанконерите“ не можат да си ги дозволат неговите високи примања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…