Дома Фудбал Германија Повторно откажа коленото на Рибери, овојпат изгледа многу полошо (Видео)

Повторно откажа коленото на Рибери, овојпат изгледа многу полошо (Видео)

Секогаш може и полошо, вели стара народна поговорка која овие дена во Минхен може во живо да се увиди.

Нема резултати, нема игра, сменет е Карло Анчелоти, а во денешниот меч со Херта, детал кој и онака лошиот старт на сезоната може да направи е фактот дека Франк Рибери повторно е повреден.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Се уште е рано за прогнози, но судејќи според болниот лик со кој Французинот беше изнесен од теренот, делува дека повредата е од сериозна природа. Она што е полошо е што веројатно станува збор за коленото.

Тој веќе има 34 години. Ако се заклучи дека во прашање се лигаментите на коленото, а тие по автоматизам значат минимум шест месеци пауза, некогаш и повеќе, веќе ќе може да се зборува за крај на кариерата на Рибери. Не се тоа години кои значат пензија, но ниту Рибери не е во групата физички супериорни играчи како што е Златан Ибрахимовиќ.

Погледнете како изгледаше тоа во продолжение

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…