Дома Македонски спорт Победен е и Гбане: Георгиевски е во полуфиналето во Токио!

Победен е и Гбане: Георгиевски е во полуфиналето во Токио!

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски денес настапува на Олимписките игри во Токио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес борбите Георгиевски ги започна со победата против светскиот шампион од Куба, Алба, а потоа следуваше борба со натпреварувачот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане во четвртфиналето.

Во борбата и Гбане и Георгиевски влегоа претпазливо, па по првата рунда стоеа почетните 0:0. Во втората Георгиевски тргна нешто поагресивно и успеа да стигне до водство од 3:1. Со таа предност Георгиевски влезе во завршната трета рунда.

Третата рунда започна офанзивно, а Георгиевски на минута пред крајот на борбата започна да го трасира патот кон полуфиналето. На таа минута до крајот Георгиевски стигна до водство од 9:4.

Таа предност Георгиевски ја одбрани до крајот и се избори за место во полуфиналето! Полуфиналето е за еден час во 9:45 по македонско време. Таму Георгиевски ќе се бори против Кио Дон Ин од Кореја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …