Дома Топ вести Валверде се огласи по повод случајот „Кутињо“!

Валверде се огласи по повод случајот „Кутињо“!

Првите денови од јануарскиот траснфер период ни донесоа продолжување на сагата околку Филипе Кутињо кој повторно се наоѓа на метата на Барселона.

Шпанските медиуми денеска објавија дека неговото доаѓање во Барселона е готова работа и дека сега е очекува само официјална потврда. Меѓутоа, ваков филм гледавме и пред неколку месеци, а на крајот се покажа дека во ваквите шпекулации нема вистина, бидејќи Бразилецот остана во Ливерпул.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Но, откако што Најк на „грешка“ објави дека Кутињо ќе потпише за Барселона , приказната ококу неговото доаѓање повторно е во центарот на вниманието. По силните шпекулации се огласи и тренерот на каталонската екипа, Ернесто Валверде.

„Тој е играч на друг клуб. Секако дека е добар фудбалер. Сепак, не знаеме што ќе се случи во иднина и што ќе ни донесе ова. Ако пристигне, ќе пристигне“, кратко коментираше Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ристовски жестоко ги критикуваше судиите во БиХ: Вакво нешто не сум видел никаде на друго место!

Македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски, кој настапува за Сараево, јавно проговори за сла…