По речиси 10 години во дресот на Арсенал, Францис Кокелан ги напушти „Топчиите“ и ќе потпише за Валенсија, потврди денес англискиот прволигаш.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кокелан во Арсенал пристигна како тинејџер во 2008. година од француски Стад Лавала. По низа позајмици, својата шанса ја дочека дури зимата 2015. година, кога настапи во првиот тим и редовно играше во следните две години, а во последната една година испадна од комбинациите на Венгер.