Легендарниот фудбалер Паоло Роси почина минатата недела на 65 години.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Роси беше херој на репрезентацијата на Италија на Мундијалот во 1982 година кога „Аѕурите“ станаа светски шампиони. На тој турнир Роси играше фантастично и беше еден од најзаслужните што Италија ја освои титулата.
Поминаа седум дена откако тој почина, а неговата сопруга Федерика Каплети откри дека само две недели пред смртта Роси бил тешко погоден од смртта на Диего Марадона.
Марадона и Роси играа еден против друг во Серија А и добро се познаваа. Заминувањето на еден од најголемите на сите времиња Роси тешко го прифатил, само две недели подоцна почина и тој.
„Кога Паоло дозна дека Марадона починал плачеше како мало дете. Не можевме да го смириме, само две недели подоцна и тој нас не напушти“, изјави Федерика за италијанските медиуми.