Се подготвува голема реконструкција во Реал Мадрид на крајот од сезоната, а клубот ќе работи на продажба на повеќе играчи.
После дебаклот од Барселона се активираа алармите и во клубот веќе размислуваат за реконструкција на тимот. Главната задача ќе биде проджба на некои ѕвезди. Три играчи би можеле да бидат вистински проблем на Реал во текот на летото. Станува збор за Лука Јовиќ, Маријано Диаз и Еден Азар. Од нивните заминувања Реал сака да инкасира околу десетина милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако успее да се ослободи од споменатите тројца Реал ќе ослободи и простор од 50 милиони евра за плата. Белгиецот заработува 30 милиони евра блуто, Јовиќ 10 и Маријано девет милиони.
Покрај нив се очекува клубот да го напуштат играчите на кои им истекуваат договорите, а тоа се Герет Бејл, Марсело и Иско, овие тројца заедно имаат плата околу 60 милиони евра. Сите овие пари би биле насочени кон Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.