На лето би можеле да видиме поинаков тим на „црвените ѓаволи“.
Пред Оле Гунар Солскјер е голем предизвик и тешка задача – да го врати Манчестер Јунајтед на славните патеки. Нема сомневање дека за тоа ќе биде потребна голема сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Три имиња кои се споменуваат во медиумите на Островот вредат дури 320 милиони фунти, па прашање е дали „црвените ѓаволи“ ќе успеат во намерата да ги обезбедат нивните потпис или барем на некој од нив.
Тандемот од Барселона Осман Дембеле и Фелипе Кутињо е многу баран, клубот не би имал ништо да ги продаде, иако Кике Сетиен би можел и да го задржи Бразилецот. Сепак, парите можат да пресудат. Барса од нив може да заработи и 250 милиони евра, а ситуацијата ја подгреа каталонскиот „Спорт“ кој пишуваше дека Дембеле се распрашувал за животот во Манчестер кај сонародникот Марсијал.
Се шпеулира и за Федерико Киеза, Италијанецот е на радарот на најголемите клубови на Апенините и за неговите услуги Фиорентина бара 50 милиони евра.
Клучот на овие „операции“ треба да биде продажбата на Пол Погба од кого клубот би добил повеќе од 100 милиони евра и после пандемијата. Со уште неколку продажби сигурно можат да остварат заработка од 200 милиони евра.