На еден од најдобрите италијански играчи за врска во историјата, Андреа Пирло засега не му оди во тренерската кариера.
Пирло по неуспешната епизода во Јувентус одлучи да го преземе турскиот клуб Карагумрук каде што се задржа само една година. Сега за случувањата во клубот во времето на Пирло зборуваше Колин Казим-Ричардс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за 37-годишен поранешен турски репрезентативец кој е роден во Англија, а го промени државјанството со потеклото на неговата мајка. Изјавата на Ричардс беше дочекана со големо изненадување во фудбалскиот свет.
На барање на Пирло во турскиот клуб пристигнаа Италијанеците, Стефано Стуароро, Кевин Ласања, Федерико Чечерини, Андреа Бертолачи и Фабио Борини. Според зборовите на Ричардс, тие имале посебен третман.
„Во Турција играат многу Италијанци, но се изненадив кога видов каков стил на живот имаат. Минатата сезона Пирло им дозволуваше да пушат цигари, прво видов дека го прават тоа на треннзите и натпреварите, него воопшто не му пречеше.
Најмногу се шокирав кога запалија цигари во соблекувалната и на полувремето. Очекував негова реакција ,но ја немаше. Со оглед што се случуваше не е ниту чудно што се брзо се распадна“, раскажа Ричардс.