Дома Фудбал Останато Пирло знае кој фудбалер треба Јувентус да го купи: Сигурен сум дека спремаат понуда

Пирло знае кој фудбалер треба Јувентус да го купи: Сигурен сум дека спремаат понуда

Одличнјот велшки репрезентативец и член на Арсенал, Арон Рамзи се наоѓа на мета на Јувентус.

Неодамна голем број италијански медиуми објавија дека Велшанецот е на чекор од трансфер во редовите на „старата дама“, а трансферот наводно би требало да биде завршен во летото кое следи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, подоцна се појави вест дека во игра влегува и Пари Сен Жермен кој е спремен да понуди 20 милиони евра за да го добие Рамзи во јануари.

За трансферот на Рамзи од Арсенал во Јувентус се огласи и легендарниот Андреа Пирло кој порача дека купувањето на Велашанецот би бил фантастичен потег за „старата дама“.

„Ако мене ме прашувате, Јуве би требало да го купи Рамзи. Тоа би било фантастичен потег. Тој е неверојатен играч и сигурен сум дека добро би се вклопил во составот на Јувентус. Не се сомневам дека Јувентус спрема одлична понуда за него“, изјави Пирло.

Рамзи оваа сезона настапи на 22 натпревари за Арсенал, постигна два гола и доаде шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…