Милан вчера одигра натпревар против Бодо/Глимит во квалификациите за Лигата на Европа. После победата против норвешкиот тим од 3:2 Милан ќе игра против Рио Аве во Португалија.
Најзаслужен за победата на Милан беше Хакан Чалханоглу кој постигна два гола и забележа една асистенција. Пиоли во овој натпревар „фрлил око“ на еден од играчите на Бодо Глимит. Станува збор за младиот крилен напаѓач, Јенс Петер Хауге. Хауге беше асистент на првиот гол и го постигна вториот со одличен удар од далечина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пиоли јавно го пофали и откри дека го скаутирале.
„Го скаутиравме добро и видовме што направи на натпреварот. Беше одличен, влегуваше помеѓу нашите лини и дриблаше на крилните позиции. Сигурно дека станува збор за фудбалер кој може да игра на европско ниво“, изјави Пиоли.
Оваа изјава би можела да биде најава за голем трансфер на Хауге.