Дома Фудбал Италија Пиоли става потпис на нов договор

Пиоли става потпис на нов договор

Италијанскиот гигант Милан и тренерот Стефано Пиоли се блиску до постигнување договор за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

Пиоли после седум години го врати Милан во Лигата на шампиони, тимот игра одлично и се бори за Скудетото, па раководството сака да го задржи тренерот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Двете страни се блиску до договор за продолжување на соработката до 2024 година, а според новиот договор Пиоли ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Стефано Пиоли седна на жешкото столче на Сан Сиро пред точно две години, кога „росонерите“ беа на најниски гранки, а моментално се лидери во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов мегатрансфер во Реал: Шпанците понудија сто милиони евра за дефанзивец

Реал Мадрид итно мора да ги реши проблемите во одбраната, а клубот го гледа Кристијан Роме…