Дома Фудбал Италија Пиоли: Против Аталанта треба да одиграме животен натпревар

Пиоли: Против Аталанта треба да одиграме животен натпревар

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не ги криеше незадоволството после ремито со Каљари на „Сан Сиро“.

Милан испушти шанса со победа да обезбеди пласман во Лигата на шампиони, па сега треба одлучувачкиот меч да го игра против Аталанта на гости.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Нема смисла да мислиме што можеше да биде. Одигравме лошо и не успеавме да победиме. Сега сме фокусирани на следниот меч. Не бевме на нивото на претходните натпревари. Игравме по бавно и без доволно агресија“.

„Против Јувентус и Торино одигравме животни натпревари, истото треба да го направиме и против Аталанта. Ако не успееме нема да биде неуспех, но големо разочарување секако“, истакна Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Реал веќе одлучиле: Ова е цената за Винисиус, кој е подготвен, нека плати!

Раководството на Реал Мадрид ги извести сите заинтересирани страни за сумата која треба да…