Дома Фудбал Италија Пиоли: Потребни се уште две засилувања

Пиоли: Потребни се уште две засилувања

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли во интервју за „Газета дело Спорт“ посочи какви засилувања очекува до крајот на преодниот рок.

Милан ова лето ги донесе Адли, Ориги и Де Кетелар, но Пиоли истакна дека очекува уште две засилувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Бараме две засилувања, дефанзивец и играч за врска. Не бараме копија на Кеси, тоа е невозможно. Бараме играч за врска со други карактеристики, експлозивност и техника. Со две засилувања ќе го комплетираме тимот“, изјави Пиоли.

„Оваа сезона сме уште посилни и ќе се бориме за да го одбраниме Скудетото, но и да напредуваме во Лигата на шампиони. Де Кетелар брзо се вклопи во тимот, тој е мешавина на Хаверц и Кака, ќе ни помогне многу во офанзивата“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп планира да создаде нова германска лига, а во тоа му помага и поранешен играч на Реал Мадрид

Германскиот фудбал наскоро би можел да доживее една од најголемите структурни промени во п…