Жерард Пике може да ја напушти Барселона на крајот на сезоната по сопствена желба, пренесува „Гоал“.
33-годишниот дефанзивец неодамна потпиша нов договор со Каталонците до 2024 година, но во него има специјална клаузула.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Според клаузулата Пике може да си замине во било кој момент после завршување на сезоната и тоа без обештетување.
Меѓутоа, единствен услов е Пике после заминувањето или да ја заврши кариерата или да се пресели надвор од Европа.