Дома Фудбал Пике: 85% од судиите се од Мадрид и како да не судат во корист на Реал?

Пике: 85% од судиите се од Мадрид и како да не судат во корист на Реал?

Жерар Пике пред неколку дена даде интервју за шпанските медиуми кое предизвика големо внимание.

Пике зборуваше за моменталната ситуација во каталонскиот клуб, а нормално не можеше да не го спомне и најголемиот ривал Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дефанзивецот на Барселона изјави дека на сите им е јасно дека критериумите на судиите не се исти, односно дека судиите повеќе се наклонети кон кралскиот клуб.

Тој откри дека еден поранешен судија изјавил дека дури 85% од судиите се од Мадрид и поради тоа судат во корист на Реал.

„Еден поранешен судија, не знам точно кој, рече дека дури 85% од судиите се од Мадрид. И како да не судат во корист на Реал? Можеби тоа го работат несвесно, но сигурно дека нема да судат во корист на нивните противници.“ – рече Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик реши голем проблем, Барселона носи големо засилување од Интер

Барселона во јануари сака да го засили дефанзивниот ред откако Андреас Кристенсен се повре…