Дома Трансфер зона Перез се предомисли: Бензема си заминува од Реал, познато и каде?

Перез се предомисли: Бензема си заминува од Реал, познато и каде?

Не е тајна дека во Реал Мадрид не се многу задоволни од игрите на Карим Бензема, а се повеќе се зборува за тоа дека францускиот напаѓач наскоро ќе го напушти овој клуб.

Бензема веќе десет години е во врвот на нападот на кралскиот клуб, но имаше доста натпревари кога Французинот ги разочара навивачите тогаш кога најмногу се очекуваше од него. Сепак, во Реал секогаш имаа трпеливост во Реал, но во последно време тоа и не е случај.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Наводно, Флорентино Перез сериозно размислува за опцијата да го продаде Карим Бензема за на неговото место да го доведе Хари Кејн. Кога се појави можноста Бензема да си замине во Кина, на Перез му стана јасно дека во игра се големи пари.

Шпанскиот „Don Balon“ пренесува дека два клуба од Кина покажаа голем интерес за Бензема и сакаат да го донесат во јануари. Наводно, во игра се големи пари од околу 50 милиони евра, што тешко дека некој европски клуб во овој момент би ги издвоил за Бензема. Но, останува да видиме што ќе биде од сето ова во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…